Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Минимален пораз за пом.пионери од Брегалница

Минимален пораз за пом.пионери од Брегалница

cc
Помладите пионери на Вардар денес на „Локомотива“ ја пречекаа екипата на штипска Брегалница, на оваа средба до победа дојде ривалот со резултат 0-1 (0-0).
.
Првиот дел заврши без погодоци со почетниот резултат, 0-0. Имавме повеќе од играта во офанзива, свои шанси за погодок не реализиаа Радевски Златко и Котевски Петар. Противникот се закани во два наврата, на голот сигурен беше Лука Јаневски. Најголемата шанса во првите 45 минути ја имаше Давитов Петар кој ја погоди стативата од голот на штипјани, сепак на одмор се замина со резултатска симетрија.
c7 c5
Вториот дел наликуваше на првиот, ние бевме тие кои креираа шанси, противникот се закануваше спорадично. Прва шанса за нас имаше Јорданоски кој упати удар од дистанца. Лука Јаневски впиша две добри одбрани. Ние напаѓаме па се закани Керими Фуад топката ја одби голманот, таа дојде до Шавотиќ чии удар беше исфрлен во корна. Имавме иницијатива Шаботиќ упати удар од 30.метра кој го скроти голманот на ривалот, целосно заслуживме водството со играта на теренот и залагањето. Во фудбалот за жал се казнуваат промашувањата, па по една контра штипјани погодија за 0-1. Давитов Петар веднаш по голот се закани со удар кој мина крај стативата, сепак немавме сили за изедначување.
c
ВАРДАР: Јаневски Лука, Ивановски Алексеј, Смиљков Филип, Крстевски Марко, Керими Фуад, Котевски Петар, Давитов Петар, Јорданоски Михаил, Стојанчевски Ненад , Шаботиќ Емир и Радески Златко/
c8
.
Играа уште и Блажевски, Јаневски, Трајчевски и Бакрачевски