Денес, пионерите на ФК Вардар на „Локомотива“ ја пречекаа екипата на штипска Брегалница, на оваа средба двата тима ги поделија бодовите, дуелот заврши реми 1-1 (1-1).
.
Вардар: Нанчовски Стефан, Поповски Мичо, Порчу Димитар, Николовски Марко, Лефковски Давор, Танчев Михаил, Гаштаров Матеј , Бектеши Хабиб , Алексовски Дамјан , Спасовски Милош и Миовски Александар.
Тргнавме офанзивно, прва прилика со удар од дистанца имавме преку Марко Николовски.Ривалот искористи една грешка во одбраната и по нафрлена топка со глава штипјани поведоа со 0-1. Танчев успеа да мине два чувара и влезе во шанса, одбраната во последен момент исфрли во корна. Ние атакуавме на изедначување на овој пионерски дуел, Порчу Димитар се обиде со удар од дистанца, топката мина крај стативата. Конечно погодивме, направивме убава акција , Танчев ја прими на средина , ја продолжи до Матеј Гаштаров овој помина двајца играчи ја даде десно до Давор Лефковски кој уфрли на втора каде на оваа топка налета Марко Николовски и реализираше за 1:1 во 40.минута. На одмор заминавме со резултатска симетрија.
Во второ полувреме имавме иницијатива, ние бевме тимот кој диктираше темпо. Сепак не успеавме да направиме целосен пресврт, се задоволивме со еден бод на ова последно есенско коло. Најголема шанса за нас во овие 45.минути имаше Марко Николовски, ја прими топката направи убав пробив по лева страна шутна но голманот ја одбрани.
Играа уште: Цониќ Максим, Јанкоски Драган и Хасиќ Мирза.