Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Една година без Димитровски Драги, ненадомеслива е загубата за Вардар и мак.куглањето
Една година без   Димитровски Драги, ненадомеслива е загубата за Вардар и мак.куглањето

Една година без Димитровски Драги, ненадомеслива е загубата за Вардар и мак.куглањето

Да денешен ден се навршува една година откако  го напушти овој свет и се пресели во вечноста тренерот на кугларскиот клуб Вардар, Драги Димитровски. Тој целиот својот живот му го посвети на овој “мал спорт“ со голема душа, тој беше неговиот животен повик.

Истиот беше еден од најуспешните и најдолготрајните кугларски тренери во Македонското куглање. Активен уште од самото основање на македонската кугларска лига, кога беше играч и тренер на актуелниот многукратен шампион Макпетрол, еден од најзаслужните што овој клуб денес е она што е. Во својата кариера тренер бил на Работнички од кој создаде генерација која денес го држи главниот збор во мак-куглањето. Димитровски во својата кариера беше и на челото на македонската сениорска и јуниорска репрезентација.

dr3

По овој долг пат Драги на залезот на својата кариера реши да биде тренер на Вардар, каде му даде основи на тимот, тој успеа да го стабилизира и да го насочи кон врвот во МКЛ. Покрај тоа, создаде нова плејада млади куглари, кој ги менторираше. Успеа во првите години од постоењето да обезбеди со црвено-црните две Куп титули, во лигата бевме вице-шампиони обезбедивме дузина меѓународни евроски турнири каде Вардар го водеше на мегдан со европските гиганти во овој спорт. Вардар и македонското куглање изгуби многу со неговото заминување од овој свет, изгуби човек кој беше предан на овој спорт во целост.

dr

Вечен помен, чичко Драги!