Вардар денес ќе го одигра својот прв официјален натпревар во новата година. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува шампионот на Србија, екипата на Војводина. Овој дуел е во рамките на СЕХА-лигата.
Тимот на РК Вардар 1961 за денешниот дуел: Ристовски, Јагуриновски, Стоилов, Димитриоски, Георгиевски, Карапалевски, Дисингер, Јотиќ, Калараш, Гаџа, Талески, Дибиров, Вујин, Векиќ, Кантагрел и Мишевски.
Вечерашниот дуел стартува од 17:45 часот со пренос на МТВ и истиот ќе се одигра без присуство на публика.