Вардар денес ќе го одигра својот прв официјален натпревар во новата година. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува шампионот на Србија, екипата на Војводина.
Токму во редовите на денешниот противник на вардарци настапува и еден поранешен играч на ,,црвено – црните”, кој остави голем позитивен траг во историјата на нашиот тим, а беше и еден од милениците на навивачите на Вардар.
Се работи за единствениот Немања Прибак. Играч кој во два наврати го носеше дресот на Вардар, во периодот од 2007-2009 година и од 2012-2015, по што замина во Бешикташ. Прибак беше препознатлив како голем борец и голем мотиватор на тимот.
Сигурно Немања ќе беше пречекан со голем аплауз од навивачите на Вардар, но за жал како што е добро познато, денес навивачи нема да има во С.Ц. Јане Сандански.