Репрезентативецот на Црна Гора и сега веќе екс ракометар на францускиот Истр, Васко Шеваљевиќ ќе го носи дресот на тимот на Вардар 1961 во следните година и пол.
Се работи за искусен ракометар, 32 годишен кој во овој момент е капитен на Црна Гора. Во досегашната кариера има настапувано за екипите на Амаја Сан Антонио (Шпанија), Динамо Минск (Белорусија), Хановер (Германија), Тулуз (Франција), Трембле (Франција) и во Истр исто така од Франција.
Шеваљевиќ доаѓа во Вардар 1961 да ја засили левата бековска позиција пред настапите во Лигата на шампионите, но и да го засили тимот за одбраната на титулата во домашниот шампионат.
Видео од новиот ракометар на Вардар 1961, можете да погледнете ОВДЕ.