Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар М14 во дербито го доби КК Работнички, момците на Лазаревски имаат перфектни 14/14 сезонава
Вардар М14 во дербито го доби КК Работнички, момците на Лазаревски имаат перфектни 14/14 сезонава

Вардар М14 во дербито го доби КК Работнички, момците на Лазаревски имаат перфектни 14/14 сезонава

 Во лигата за кошаркари до 14 годишна возраст се одигра дерби во кое КК Вардар М14 го пречека тимот од Градски Парк, КК Работнички. Момците на Жарко Лазаревски дојдоа до уште една победа во низа, поточно 14-та по ред од исто толку дуели.

Со овој успех ја задржавме првата позиција на табелата во лигата М14. Дуелот изобилуваше со кошаркарски возбудувања, се одига цврсто и атрактивно со голем број поени. Ние победивме со 11 коша повеќе од ривалот. Овој дуел во салата “Кале “  генерацијата 2005 на црвено-црните го доби со резултат 90-79.