Тимур Дибиров на мечот со Загреб прослави голем „јубилеј“ од 800 постигнати голови во Лигата на Шампионите. На мечот со Загреб, руското лево крило постигна два гола и стигна до нов јубилеј. Повеќе од половина погодоците се во дресот на Вардар, или после првиот осминафинален дуел, Дибиров има вкупно 430 постигнати голови во црвено-црниот дрес, а останатите се од годините кога настапуваше за екипата на Чеховски Медведи.