Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Историја > Комити Запад: Конечно на нашиот Градски, собир фонтана 13-30 часот

Комити Запад: Конечно на нашиот Градски, собир фонтана 13-30 часот

54434079_2098439386877002_5624231125464383488_n

По крајот на репрезентативната пауза во европскиот фудбал повторно се враќаат возбудувањата во домашните шампионати помеѓу нив и во македонската лига. Па така црвено-црните гостуваат на ФК Работнички, за овој дуел најверните навивачи на вардаровиот тим, Комити Запад најавија поддршка. Во информацијата на нивната страница се вели:

Дома а Гости…
Конечно на нашиот Градски!
Но тоа задоволство за жал ќе им биде одземено на многумина…Вардар игра во Четворток во 14:30ч.
Да прашаме ‘За кого се игра фудбалот во Македонија’ веќе е клише и прашањето би делувало реторично…
Но сите ние кои можеме и оние кои ќе се потрудиме да бидеме на нашиот Запад, па за инает и оние кои не можат, да направиме солиден коп и да ја расипеме забавата на оние кои ги креираат овие антифудбалски и антиспортски термини насочени пред се против оние клубови кои во Македонија имаат навивачки групи…А колку ли ги има само…
За инает! Сите на стадион!
Собир: Фонтана Парк 13:30ч.
#ЦрвеноЦрнаАрмија #Мобилизација