Македонската фудбалска репрезентација до 15 години денес и во четврток ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Полска.
За овие мечеви кои ќе се одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ , селекторот на Македонија Добринко Илиевски повика дури пет играчи од редовите на Вардар. Се работи за Никола Павлески, Игор Јаневски, Максим Милошевски, Георг Стојановски и Бесар Гуџуфи. Сите споменати играчи, освен Стојановски, се дел од генерацијата 2004 на Вардар.
Денешниот натпревар започнува во 15:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, додека дуелот в четврток е закажан во 11:00 часот.