Медија тимот на СЕХА лигата беше присутна во Скопје и направи интервју со германскиот интернационалец во редовите на Вардар, се работи за Кристијан Дисингер. Негов најголем пријател во тимот е Јана Војводиќ, кој имаше само пофални зборови за Дисингер, истакнувајќи дека многу се дружи со играчите и дека не е типичен германец.
Тој е во душата балканец. Додека играше во Германија многу се дружел со играчите од балканските простори. Многу бргу се вклопи во екипата, после пристигнувањето во Скопје. Навистина е добар човек, дружељубив и отворен. Не е типичен германец, како што ги знаеме ладни и затворени, Дисингер е навистина супер, истакна Дисингер.
Дисингер ја игра својата прва сезона во дресот на Вардар и веќе речиси се пласираше во четврфиналето со Вардар. Полека ја враќа својата најдобра форма од деновите кога настапуваше за Кил и германската репрезентација, па се надеваме на уште подобри игри во црвено-црниот дрес, во завршниот дел од сезоната, во која Вардар го очекува борба на неколку фронта.