Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Во четврток својот прв полуфинален меч во Купот ќе го одиграат пом.пионери на ФК Вардар
Во четврток својот прв полуфинален меч во Купот ќе го одиграат пом.пионери на ФК Вардар

Во четврток својот прв полуфинален меч во Купот ќе го одиграат пом.пионери на ФК Вардар

Во четврток со почеток од 10:00 часот, својот прв натпревар во рамките на полуфиналето од купот на Македонија ќе го одиграат помладите пионери на ФК Вардар. Избраниците на Деспотовски се домаќини на теренот на Академијата, на тимот на Њу Старс.

Вардар и Њу Старс само еднаш се сретнаа сезонава и тоа на истиот терен каде во четврток ќе се одигра мечот, тој првенствен дуел во есенскиот дел заврши без голови 0:0. Истиве екипи ќе се сретнат и во рамките на 18. првенствено коло кое е закажано за претстојниов викенд. Што се однесува до позициите на табелата во помладата пионерска супер лига, Вардар е прв со вкупно 38 освоени бодови, додека Њу Старс е на 6.место со 23 освоени бодови. Вардарци се наоѓаат во добра форма во пролетниот дел од сезоната, забележувајќи три победи на исто толку мечеви.

Хендикеп за Вардар на овој прв осминафинален дуел ќе биде отсуството на првиот стрелец, се работи за Георг Стојановски, кој после завршување на настапите со селекцијата до 17 години, ќе се приклучи на Македонската репрезентација до 15 години, која ќе одигра два контролни натпревари против Полска. Во составот на Вардар се очекува да се вратат останатите тројца репрезентативци, се работи за Давков, Хасани и Ѓорѓоски, кои немаат многу време за подготовки со тимот, со оглед дека се приклучуваат на тренинзите од утре, односно ќе имаат само еден и единствен тренинг со остатокот од екипата.

Најголема опасност од противничкиот тим ќе доаѓа од нивниот најдобар играч, се работи за репрезентативецот, Бехар Фета кој беше стрелец на два гола за Македонската селекција до 17 години, на дуело со Грузија. Тука се и поранешните играчи на Вардар, кои во пролетниот дел се приклучија на Њу Старс, се работи за Ќосески, Стојановски и Петрушевски.

За реванш дуелот постојат во опција два термини за одигрување, тоа се 10 или 16.април на теренот во Ѓорче.