За прв пат во сениорската конкуренција еден тим пријави две екипи за натпреварување. Вардар ќе има „А“ и „Б“ тим во МКЛ. Црвено-црните со одлучија на овој потег откако во последен момент еден тим се откажа од напреварувањето, станува збор за екипата на 18 Август.
Вардар има голем ростер па се одлучи со овој потег да даде шанса да се напреваруваат во лигата сите играчи на нашиот тим. Сериозен проект е да се пријават два машки тима, сепак раководството повлече потег. Занимливо е што во првото коло двата тима ќе играат помеѓу себе. Дуелот е закажан за утре, сабота 17.октомври со почеток во 10-00 часот. Натпреварот ќе се игра во кугларницата „Мусандра“ во ГТЦ.