Прва победа сезонава во Лигата на Шампионите за екипата на Вардар. Во С.Ц. Јане Сандански црвено-црните со резултат 31:26 го победија тимот на Фленсбург, а дуелот го одбележа голот со „шрауба“ на Стојанче Стоилов, кој натпреварот го заврши како најефикасен со 8 погодоци.
Во моментите кога Вардар резултатски се одлепуваше од противникот, Стоилов после додавање од Јотиќ, со „шрауба“ без да го погледне голот на Фленсбург со совлада Бергеруд. Голот можете да го погледнете на линкот, ТУКА.