Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Честитки за карактерот на моите играчи, ова е голема победа за сите нас
Алушовски: Честитки за карактерот на моите играчи, ова е голема победа за сите нас

Алушовски: Честитки за карактерот на моите играчи, ова е голема победа за сите нас

Одлична игра и победа за Вардар во рамките на 4.коло од Лигата на Шампионите против екипата на Фленсбург. Заслужена победа за црвено-црните кои имаа водство во текот на целиот натпревар и на крајот славеа триумф со резултат 31:26. Тренерот Алушовски одлично ротираше во текот на целиот натпревар, добро го постави тимот кој стигна до првата победа сезона во ЛШ.

По завршување на дуелот се одржа прес-конференција, на која присуствуваа тренерот Алушовски и Јотиќ, кои ги споделија впечатоците од победата.

-Честитки за екипата на Фленсбург за прикажаната игра. Она што сакам да кажам за нашиот тим, за претседателот и за нашите навивачи, дека ова е една голема победа. Честитки за карактерот на овие момци и покрај тоа што месец дена не одигравме натпревар, сепак подготвени го дочекавме овој натпревар, пред се мислам тука на тактички план, добро беше анализирана играта на Фленсбург пред се во играта со 5-1. Пред нас е нов натпревар, немаме мниогу време за славење, треба да се спремаме за натпреварот со Порто и таму да го дадеме максимумот и да забележиме нова победа. Ова се два големи бодови, кои можат да ни го отворат патот кон осминафиналето, изјави Алушовски.

-Честитки до Флензбург за фер-плеј играта. Ова беше еден тежок меч за нас, затоа што скоро цел месец немавме официјална средба. Ама, сега се покажавме доста добро и во првото и во второто полувреме. Многу важно за нас во овој момент е да играме ракомет. Го чекаме следниот меч со Порто на домашен терен. Би сакал да испратам честитки до сите што имаа придонес во добриот натпревар, истакна Јотиќ кој натпреварот го заврши со 5 голови.