Кугларскиот клуб Вардар по донесувањето на играч од Хрватска, вчера се засили со уште едно ново име. Станува збор за Ристиќ Зоран кој премина од тимот на КК 18 Август во нашата екипа. Црвено-црните на нивната официјална страница ги потврдија двата нови играчи. Во информацијата се вели следното:
Чест ни е да ги обелодениме нашите два нови члена – засилувања за новата сезона 2019/2020.
Топло добредојде за Зоран Ристиќ кој доаѓа од редовите на КК 18 Август 2016 како потенцијален репрезентативец и Милош Миливојевиќ, доскорешен член на хрватскиот кугларски бренд Медвешчак, искусен и преквалитетен куглар кој треба да помогне Вардар да се врати во борбата за врвот. Воедно, ова е прв историски интернационален трансфер во клубот. Да се множат!