Она што претходно се навестуваше, денес доби и официјална потврда од клубот. Бразилскиот репрезентативец Хозе Гиљермо Де Толедо (25). е ново засилување за Европскиот ракометен Шампион.
Толедо кој доаѓа од екипата на Висла Плок, се заблагодари на клубот за прекрасните четири години поминати во Висла. Толедо во редовите на полскиот вицешампион одигра 161 натпревар на кои успеа да постигне 436 голови.
Бразилецот се одјави на социјалните мрежи, истакнувајќи дека никогаш нема да го заборави градот и навивачите кои му ја давале поддршката, но истакна дека е време за нов предизвик во неговата кариера.
Толедо игра на позиција десен бек и заедно со Кристопанс ќе бидат голема опасност за противничките екипи. Инаку тој ќе биде вториот бразилец кој ќе игра во Вардар, после Мораес Фереира кој во новата сезона ќе настапува за Веспрем.