Во текот на денешниот ден, раководството на регионалната СЕХА Гаспром лига го презенираше распоредот за новата, деветта по ред сезона во ова натпреварување.
Како и во сезоните претходно така и сега лигата ќе започне на почетокот на септември. Прелиминарното коло е закажано за 3/ 4 септември, апак последното од т.н регуларниот дел ќе се игра на 14/ 15 декември. Регионалната лига има нов формат, по есенските дуели во групата следи елиминациона фаза која старува на 1 февруари идната година. Ф-4 завршниот турнир ќе биде организиран во првиот викенд од месец април. Вардар влегува како бранител на круната во оваа нова сезона.