ЖРК Вардар ќе се изнаигра во Супер лигата бидејќи во новата сезона во Женската лига ќе има неколку нови екипи. Така лигата ќе се зголеми речиси за 50% оваа година.
Како што донесува сајтот “24-ракомет“ досега новите пријавени клубови се Ѓорче Петров ЖРК, Алушовски, Кале Скопје, Чаир и Илинден Кузман Вардар. Сепак, постои веројатност за уште екипи со оглед на тоа што и Аеродром најавуваше настап во Женската лига за следната сезона така што лигата би можела да има барем 16 тимови што ќе значи и 30 кола до добивањето на новиот шампион.
Овие пет тимови се приклучуваат во лигата каде што од лани остануваат Металург, Куманово, Вардар, Пелистер, Стружанка, Деспина, Гевгелија, Спартак, Цемс и Овче Поле СУ.