Точно еден месец помина откако Вардар успеа по втор пат да ја покори Европа и да ја освои Лигата на Шампионите. На третото последователено учество во Келн, црвено-црните повторно излегоа како најдобри и станаа Европски Шампиони.
Во големото финале пред месец дена се сретнавме со екипата на Веспрем, која ја совладавме со резултат 27:24. Само еднаш и тоа во првите минути од дуелот, шампионот на Унгарија беше во предност, што говори за доминацијата на Вардар, кој имаше постојано водство и контрола на резултатот. Ден порано после голем пресврт, Вардар успеа да ја победи Барселона и на тој начин да се избори за пласман во големото финале.