Тимур Дибиров ја одигра и својата шестта сезона во редовите на Вардар. Руското лево крило кое дојде од екипата на Чеховски Медведи и шестта година по ред со успех го носи црвено-црниот дрес и е еден од најдобрите стрелци во клубот.
Интересно, Дибиров сезоната во која Вардар успеа и по втор пат да стане Европски Шампион ја заврши со идентичен број на постигнати голови, односно 78 погодоци, како и во сезоните 2014/15 и 2015/16. За само еден гол, Дибиров не успеа да ја надмине оваа граница и да ја одигра најуспешната сезона во дресот на Вардар. Инаку откако настапува за црвено-црните, неговата бројка на голови секогаш ја надминувала границата над 70 погодоци во Лигата на Шампионите, што никогаш не му успевало во дресот на Чеховски Медведи. Веднаш после Кристопанс и Карачиќ, русинот сезоната ја заврши како трет најдобар стрелец.
Дибиров има важечки договор со Вардар до јуни 2020 година, но се поголема е веројатноста дека Вардар ќе биде последниот тим во неговата богата играчка кариера, во која има два Европски трофеи токму со црвено-црните.