На светското првенство во куглање Бојан Влаќевски бележи перфектни резултати. Тој по одиграниот прв квалификациски круг беше петто пласиран од 64 натпреварувачи кои земаа учество. Според пропозициите најдобрите 32 учестуваат во следната фаза, 1/16-финалните двобои.
На планетарниот собир во Клуж- Романија, Влаќевски со скор од 660 соборени дрва по првата рунда се наоѓа во топ-5 играчите. Тоа му донесе противник од Германија со кој ќе игра двобој во 1/16-финалната фаза. Негов ривал е Матијас Дирнбергер кој по 1.круг беше 28-ми и затоа доби противник од најдобрата петорка. Во оваа фаза победникот оди во следната рунда, 1/8-финалето.