Кадетите на ракометниот клуб Вардар ќе играат за третото место на Ф4 турнирот во кадетската лига. Избраниците на Андријана Будимир во полуфиналето беа минимално поразени од екипата на Струга, дуел на кој немаше еднаков судиски критериум.
Во најголем дел од првото полувреме, противникот имаше предност, која најмногу достигна до пет голови разлика. Откако двете екипи го постигнаа првиот гол, екипата на Струга со два гола во серија поведе со 1:3. Истава позитива ја имаа и по седум минути игра кога резултатот на семафорот беше 4:6, но избраниците на Будимир одржуваа чекор и успеаа да го израмнат резултатот на 6:6. Следеше период кога се играше гол и ниту една од екипите немаа поголемо водство од еден гол. Вардарци иако две години помлади од противникот кој имаше и судиска помош, сепак успешно се носеше со сите неправди и не му дозволи на Струга пред време да го реши победникот. Сепак во последните пет минути од првиот дел, Струга при резултат од 12:13 направи серија од 0:4 и поведе со 12:17. Последниот гол во првиот дел го постигна Вардар, за на одмор да се замине со предност на противникот од 13:17.
Кога се мислеше дека Струга лесно ќе дојде до триумфот, откако по осум минути игра во вториот дел стигна до највисоки 16:23, така не мислеа и избраниците на Будимир кои беа желни да се надигруваат без обзир на возраста и поголемото искуство на противникот, црвено-црните со серија од 5:0 намалија на само два гола негатива, по што овој полуфинален дуел повторно доби на неизвесност. Беше и 23:24, но повторно на судиска штет на Вардар, екипата на Струга се одвои на 23:27 и тука веќе го реши победникот. Вардарци до крајот се обидоа, но немаа ниту време, ниту сили за нов подвиг. На крајот конечниот резултат гласеше 28:29.
Кај Вардар најефикасен беше Бојан Чакалич со 10 голови, додека 6 постигна Давид Савревски. Велимир Грујовски беше стрелец на 4 погодоци, додека по 3 беа дело на Симон Калајџиески и Дамјан Димитријевски, додека 2 гола беа за Дамјан Србиновски.
Во борба за третото место од 17:00 часот ќе играме со екипата на Астраион.