Европскиот шампион веќе пристигна во Келн, каде претстојниов викенд ќе се обиде да ја одбрани Европската титула и да стане првиот тим кој успеал да го одбрани трофејот, во овој нов формат во Лигата на Шампионите. Вардарци први пристигнаа во Келн, а до крајот на денот се очекува да пристигнат и останатите учесници на овој завршен турнир. Тоа се екипите на Нант, Монпелје и ПСЖ.