Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци ги местат нишаните – Дибиров 68, Борозан 65, Циндриќ 53
Вардарци ги местат нишаните – Дибиров 68, Борозан 65, Циндриќ 53

Вардарци ги местат нишаните – Дибиров 68, Борозан 65, Циндриќ 53

Вардарци ги местат нишаните пред завршниот турнир во Лигата на шампионите. Во тимот на Вардар листата на топ – 3 стрелци се прикажани на фотографијата. Листата ја предводи одличниот сезонава Тимур Дибиров со 68 погодоци. Очекуваме нашето летачко лево крило да има уште еден одличен Ф4 турнир и да го води тимот до нов голем успех.

Втор стрелец во “црвено – црниот” тим е “машината” за голови Вуко Борозан. Левиот бек на Вардар влезе во се подобра форма и се очекува заедно со Дибиров да бидат вистински лидери во нападот на нашиот тим. Очекуваме многу голови и од нашиот бек шутер.

Оваа листа неможе да помине без Лука Циндриќ. Нашиот организатор на играта освен што го разигрува тимот, вреден е и во нападот со постигнување на важни погодоци. Средниот бек до овој момент има постигнато 53 погодоци што го прави трет стрелец во тимот на Вардар.

- Секако очекуваме голем придонес и од останатите играчи, како во нападот, така и во одбраната.