Friday ,18 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар прв пристигна во Келн, а посакува последен да си замине
Вардар прв пристигна во Келн, а посакува последен да си замине

Вардар прв пристигна во Келн, а посакува последен да си замине

Вардар прв пристигна во Келн, а има намера и посакува последен да си оди со крената глава и победничка песна, нешто слично на минатата година во месец јуни токму во Германија.

Нека оваа држава му донесе повторно среќа на Европскиот првак Вардар. Нека биде оваа таа година кога Вардар за прв пат ќе ја одбрани титулата освоена од минатата сезона. За перфектни два натпревари Вардарци ќе треба да “изгинат” во Келн, најпрвин на дуел со Монпелје, а потоа и на дуел во финалето.

Едно е јасно, Вардар доколку се пласира во големото финале, повторно за противник ќе има француски тим, исто како и минатата година, кога во финалето се радуваше против тимот на ПСЖ.