Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Ексклузивно со Завировски: Темпото е максимално

Ексклузивно со Завировски: Темпото е максимално

299715405_605658127632645_5145200637190206217_n

Да се сака. Тоа е прецизната пресуда на Завировски додека разговара со нас за животните предизвици и маратонот. По околу 6 месеци имаме одново можност да седнеме на ексклузивен разговор за Вардар Фанс со нашиот Петре Завировски. Како непишано правило, секогаш интервјуата со Завировски ги правиме пред или по некој негов голем успех. По првото интервју некаде во март годинава тој имаше драматичен подем и оствари исклучително силни резултати. Неколку пати се најде на победничкиот подиум. Сега сме тука да разговараме за можеби најголемата битка во неговиот спортски живот. Како што неколку пати најавивме на 2.октомври по скопските улици ќе се обиде да ја собори маратонската делница од 42.195 км. Со посебен пиетет треба да се говори за маратонот. Самиот по себе е надминување на сите надчовечки напори. Како што често пати знаат да кажат маратонците, “маратонот се трча после 30-тиот километар”. Годините наназад Завировски изгради имиџ на еден од најлојалните членови на Вардар. Тој растеше со Вардар и остана во клубот целата своја кариера. Ве водиме низ интервјуто, уживајте…

Зошто се одлучи за маратон?

Постојат повеќе причини за тоа. Мислам дека дојде вистинскиот момент за маратонот. Едноставно така се чувствувам. Психички сум добро подготвен. Во овој дел од кариерата на пократките дистанци ѓи исполнив сите мои зацрнати цели. Фокусиран сум и подготвен за она што ме очекува во целиот тренажен процес како и на самиот ден на трката. Имаме исклучително тешки амбиентални услови за подготовка. Температурите се екстремно високи. Веќе ми е навика да сум дехидриран по секој тренинг. Колку што можам максимално се подготвувам физички. Задоволен сум од обемот и интензитетот. Често тренирам по 2 пати на ден. Но многу повеќе сум психички подготвен. Максимално сум подготвен на она што ме очекува во текот на трката. Подготвен сум за многу болка, многу пот, многу крв. Знам дека многу ќе боли но не размислувам во ниту еден момент да застам. Сето тоа ми дава чувство дека сум жив.
petre

Како успеваш да се справиш со сите обврски и притоа да си фокусиран на маратон?

Темпото е максимално и многу е тешко да се издржи. Покрај сите животни предизвици, работните обврски и се она што ме опкружува и налага да го исполнам. Навистина е тешко, многу тешко. Темпото со кое се случуваат работите е многу брзо. Во текот на кариерата научив дека не постои брзо или споро темпо. Постои само темпо кое можеме да го следиме. Но ова е максималното темпо. Многу е тешко да се издржи, но успевам да го држам засега, се надевам така ќе биде и во иднина. Сите желби и амбиции ми даваат сила да можам. Многу е лесно да направиме нешто лошо. Да направиме нешто добро треба многу да се потрудиме и е многу потешко. Веројатно тоа ми дава сила да сакам да го правам ова. Постојано сум фокусиран да напредувам да се развивам не само во атлетиката туку генерално во сите свери на животот. Ако сакаме да супееме треба да имаме широк видик, да бидеме паметни, чесни и треба многу да се потрудиме. Многу е лесно да се само сожалуваме, друг да ни е виновен за се и да очекуваме друг да ѓи заврши работите за нас. Треба да излеземе и да се бориме да одиме напред во животот пред се чесно да се бориме. Најлесно е ништо да не правиме. Но треба да правиме се за нас и за луѓето што се до нас.

Што е потребно да се истрча еден маратон?

Самиот збор маратон сам по себе има тежина. Потребно е многу желба многу тренинг, многу крв, многу пот, многу болка, многу солзи, многу среќа… едноставно треба да се погоди денот. Маратонот е многу непредвидлив доколку сме добро подготвени до целта можеме да стасаме само ако го избегнеме “удирањето во ѕид”. Согласно нашата подготвеност треба да биде и нашето темпо на трката. Не смееме ниту секунда побрзо од тоа за што сме подготвени. Во текот на целиот процес на подготовки треба да не води разумот. Потреба е силна психичка подготовка за она што почнува да доаѓа по 25-тиот километар, а маратонот започнува да се трча по 30-тиот километар. Тука веќе сите ресурси се потрошени и започнува вистинскиот тест на психо-физичката подготвеност. Едноставно нема трка со конкуренцијата. Имаме трка самите со себе. Ниту една друга дисциплина не може да ја споредиме со маратон. Секој што сака да знае како е, треба да се обиде да проба, ова е пат за најхрабрите. Многу малку маратонци можат да бидат маратон шампиони.

Кои се твоите очекувања на маратонот?

Многу е неблагодарно да се каже. Ова е маратон неможам да се расфрлам со прогнози. Воопшто не сум оптоварен со тоа кој ќе биде резултатот на финиш. Уживам во целиот процес, во сите тренинзи изманатиот период. На денот на трката треба да бидам паметен. Не смее во ниту еден момент да ме повлече адреналинот. Срцето и да биде врело главата мора да остане ладна. Спремен сум да изгинам а со малку повеќе среќа ќе дојде добар резултат. Најважно ми е да ја истрчам трката и да финиширам 42.195км.
petre

Дали имаш помош од некого во текот на подготовките?

Не апсолутно не. Целосно сам се подготвувам. Така одлучив, ова е моја трка сакам сам да ја завршам. Согласно тоа изминатиот период од јуни навака немам настапено на ниту една друга трка. Целосно сум фокусиран и се подготвувам за 2.октомври. Од причина што не сакам фокусот и мотивацијата да ја растргнувам на повеќе страни.

Како се чувствуваш во текот на подготовките?
Немам шанса да дишам откако сум во подготовки за маратон”. Значи од јуни овие три месеци доживеав подеми, но и ниски падови во подготовките. Последниов месец имам добри дистанци од 20км и 30км тоа ми влева добра самодоверба. Знаев дека нема да биде лесно. Воопшто не очекував дека ќе биде лесно. Тоа е нереално. Ова е тежок процес. Се подобрувам најбрзо што можам.

Што се обидуваш да направиш оваа сезона?

Една од работите што се обидував да ги направам подобро е да бидам побалансиран околу резултатите. Мора да се адаптираме и да еволуираме тоа е она што се обидувам да го направам. Некој ако мисли дека се е идеално и оди нагоре во нашите животи, не не анализирал како што треба. Имало тешки моменти но мојата цел било брзо да се ресетирам. Знам каде сакам да бидам но и знам каде сум сега. Можеме да бараме повеќе можеме да си поставиме високи стандарди. Но исто така треба да бидеме обиективни од каде сме тргнале, каде сме сега колку е добра работата и колку долго ќе трае. Плановите се на место.
petreКоја е временската рамка за успех?
Мислам дека сум далеку понапред од што бев претходните 3 сезони. Но потребно е време, тоа е процес на трпеливост. Тоа нема да се промени само преку ноќ. Но мислам дека имам направено доволно за да одам уште едно ниво погоре. Голема позитива за мене беше што многу брзо се адаптирав оваа сезона имав низа на добри резултати. Навистина сум среќен поради се што се случува. Има делови каде сум добар и сум среќен поради тоа но има и делови каде што верувам дека можам да станам подобар и посилен.

Што друго е потребно?

Кога се обидуваме да направиме нешто не се работи само за тоа дали можеме, туку што друго можеме да направиме. Не се обидуваме само за да направаме нешто. Треба да бидеме позитивни, лидери, победници пред се треба да бидеме добри луѓе. Задачата е да се доведеме безбедно до целта. Треба да анализираме се од врвот до дното и потоа да работиме за да биде подобро и да одиме повторно скалило погоре.

Каде се гледаш на маратонот?

Мислам дека реално треба да внимавам на темпото на почетокот. Да стигнам безбедно до 30 километар. Потоа самото тело согласно енергијата што ја има го диктира темпото. Одлучноста не е доведена во прашање, апетитите се незаситни.
petre2Дали си надвор од комфорната зона?
Можеби… Клучната работа за мене е се да правам на мој начин, да се обидам да додадам добри делови. Размислувајки за илјадниците часови поминати на тренинг. Анализирајки го сработеното е нешто што го негувам. Мислам дека е важно да знаеме што правиме, до каде сме. Сите сме различни и мислам дека е ризик да имитираме или копираме.
За крај, забележавме новости во приватниот живот на Петре на социјалните мрежи!?
Да точно така. Тоа воопшто не е тајна и е најубавата работа која ми се случува во животот. Секој човек бара покрај себе сродна душа налик на себе. Многу сум среќен што ми се случува тоа во мојот живот. Времето налага така да се помалку се вреднуваат вистинските вредности. Но така сум воспитан да ѓи ценам правите вредности и неможам да се помирам со спротивното. Многу сум среќен што покрај себе имам личност што ѓи сака и вреднува правите вредности!Петре ти благодариме на одвоеното време, се гледаме во следна прилика. Почитувани читатели се надеваме уживавте во маратонското интервју со нашиот Петре Завировски!
Петре