Утре, РК Вардар 1961 го очекува првиот официјален натпревар во новата сезона, црвено-црните во 1/4-финалето ќе го дочекаат Нексе, во битка за пласман на „фајнал-фор“ турнирот во Задар. Дуелот во Јане Сандански е закажан за 20-15 часот, за истиот капитенот Стојанче Стоилов вели:
Форматот е таков, се игра еден натпревар дома. Противник кој добро го познаваме, долго време играме со нив. За Нексе имам многу респект, тоа е тврда екипа која лани не ја победивме. Сепак, во еден меч сметам дека имаме сили да славиме. Иако имавме лимитирано време за подготовка, се надевам на полна сала и со поддршка навивачите ќе се обидеме да победиме- изјави Стоилов.