Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Недановски: Имаме силен ривал во Нексе, ротацијата ни е проблем

Недановски: Имаме силен ривал во Нексе, ротацијата ни е проблем

299481665_481432913990628_2999383863500427798_n

РК  Вардар 1961,  утре ќе го пречека хрватскиот Нексе во 1/4-финалниот натпревар од годинашното издание во СЕХА лигата. Екипата која ќе дојде до победа на  овој меч ќе обезбеди пласман на Ф4 турнирот, истиот   ќе се игра во хрватскиот Задар. Тренерот на вардарци, Владо Недановски  за оваа средба  која ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје   со почеток во 20:15ч.  изјави:

Настапот на турнирот во Струга го искористивме како дел од подготовките за периодот што следи, прво мечот со Нексе. Имавме добри и лоши моменти, сите добија шанса, видовме кои играчи можат да понесат поголем товар. ЀТие се добар тим, кој пред неполни два месеци играше „фајналфор“ во Европската лига. Ростерот е речиси ист, се работи за воигран состав, кој не се менува и игра добар ракомет. Речиси секоја година играме со нив по два натпревари, оваа сезона двапати губевме од нив. Анализата е направена, немавме премногу видео-материјал бидејќи играа натпревари од затворен тип. Се надеваме на добар резултат на утрешниот дуел. Има моменти кога играме добро, ама ротацијата е најголем проблем и тоа најмногу ме загрижува. Да бидеме искрени, имаме играчи кои не добивале воопто минутажа во минатите сезони, мора да имаме трпение сите за овој тим да расте, да се даде шанса на тие момци за кои сметам дека имаат потенцијал да прикажат многу повеќе- вели Недановски.