Еден од голманите во младинската школа на ФК Вардар, Илија Апостоловски од денес се наоѓа на проба во школата на ФК Леванте од Шпанија. Во периодот од 23-30.август, Апостоловски ќе се докажува пред стручните лица во овој шпански тим и ќе се обиде да остане во Шпанија.
Се работи за голман кој е роден 2005 година. Инаку потекнува од школата на ГФК Неготино, од каде доаѓа во Вардар во 2017 година. Има освоено поединечна награда за најдобар голман со Вардар, на турнирот во Нови Сад. Беше селектиран од страна на стручните лица во фудбалската федерација на Македонија и помина две години во Академијата на ФФМ.
Минатата сезона го бранеше голот на пионерите, нашата редакција му посакува среќа и успешно претставување.