Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Емилија Лазова: ЖКК Вардар го краси тимски дух и “хемија“ помеѓу сите нас
Емилија Лазова: ЖКК Вардар го краси тимски дух и “хемија“ помеѓу сите нас

Емилија Лазова: ЖКК Вардар го краси тимски дух и “хемија“ помеѓу сите нас

Секоја среда кошаркарскиот клуб Вардар на својата официјална веб-страница не запознава со еден член од големото црвено-црно семејство. Ова среда има изјава од една од најдобрите кошаркарски на Куп првакот Вардар. Станува збор за Емилија Лазова.

  1. Првото сеќавање со кошарка? 

Првите мои сеќавања со кошарката се поврзани со школата за минибаскет “Јуниор”, каде со секој час плус поминат во сала со врсниците, со постарите генерации и тогашните тренери  растеше и љубовта кон овој спорт која трае веќе шеснаесет години.

2. Првото среќавање со КК Вардар?

Среќавањето со ЖКК Вардар беше сосем непланирано и немаше многу договарање, најмногу поради фактот што во првата женска кошаркарска лига до претходната година постоеа 5-6 клуба, а создавањето на ЖКК Вардар несомнено беше од голем плус особено поради до сега најдобрите услови за тренинг во македонската женска кошарка.

3. Што е најважното нешто на кое те научиле тренерите во КК Вардар?

Изминатитве три години од кога сум во Вардар секоја година сме водени од различен тренер и секој од нив носи свои знаења и умешности за пренесување на истото, па се трудам од секого на научам по нешто за константно надоградување.

zzz

4. Дали имаш идол во женската кошарка?

Немам

5. Со што најмногу се гордееш во дресот на КК Вардар?
Со хемијата и тимскиот дух кои успеваме да ги оддржиме веќе трета година од повторното формирање на женската сениорска екипа на ЖКК Вардар.

6. Од денес почнува Плејоф-от, а вие водите со 1:0 против Работнички. Кои се твоите очекувања за крајот на сезонава?

И покрај долгата сезона се надевам дека ќе останеме со истиот фокус на тренинзите и на playoff утакмиците. Мислам дека хемијата во тимот која според мене е клуч за нашиот досегашен успех која е и пропратена со желбата за остварување на заедничката цел, после трократното освојување на купот, конечно да финишираме и со освојување на лигата.