Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор денес ја пречекува екипата на РК Струга
Вардар Јуниор денес ја пречекува екипата на РК Струга

Вардар Јуниор денес ја пречекува екипата на РК Струга

Во рамки на 8.коло од плеј-аутот во ракометната машка Супер лига тимот на Вардар Јуниор ја пречекува екипата на РК Струга. Дуелот се игра денес, среда, 15.мај со почеток во 17-00 часот во Спортскиот центар “Јане Сандански“.

По седум одиграни кола во плеј-аутот избивме на 3та позиција на табелата со 27.бода односно со шест повеќе од тимот на Радовиш кој го изненадивме на гостински терен во изминатото коло.  Тоа беше четврта победа во низа за момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков кои играат прекрасен ракомет во плејаут сегментот.