Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Португалија пресилна за црвено-жолтите, вардарецот Крстевски втор стрелец
Португалија пресилна за црвено-жолтите, вардарецот Крстевски втор стрелец

Португалија пресилна за црвено-жолтите, вардарецот Крстевски втор стрелец

Кошаркарите на Македонија М20 имаа уште една  „бламажа“ на младинското Европско првенство (ЕП), дивизија Б, откако  беа декласирани и во вториот меч и тоа против  домаќинот Португалија. Противникот дојде до убедлива победа со резултат 39-73.

Жолто-црвените  тргнаа катастрофално во овој меч, па така  првата четвртина постигнаа само три поени, по што се беше предодредено потоа. Ниту измените не му донесоа бенефит на  селекторот Дарко Радуловиќ,  тимот имаше неверојатни  32 загубени топки и само 27% реализација на шутевите на оваа средба. Овие две работи исто како и во вчерашниот пораз од Белгија беа клучен фактор за вториот дебакл на Македонија на собирот во Португалија.

Еден кошаркар со двоцифрен поентерски ефект и тоа Лука Стојановски, кој реализира 11 поени, но со дури седум загубени топки. Втор стрелец беше вардарецот Крстевски Дамјан со осум поени.