Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Пингпонгарската федерација на Македонија го прогласи Вардар за најдобар клуб
Пингпонгарската федерација на Македонија го прогласи Вардар за најдобар клуб

Пингпонгарската федерација на Македонија го прогласи Вардар за најдобар клуб

 Пингпонгарската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите пингпонгари и клубови, кои добија и ваучери. Најдобар клуб е Вардар, но најмногу пари, ваучери доби Шампион Фа од Штип, кој за постигнатите резултати во изминатиов период доби 8 илјади евра, односно  ваучери.

Првите места на  ранг листите  на најдобрите ги  зазедоа  Даниел Главевски- Зхоу,  Дамјан Стојчев, Петар Костовски, Кристијан Станојковски.  Во женска конкуренција Васе Богоевска и верувале или не, Ива Димитриевска е најдобра од јуниорска до сениорска конкуренција.

Во овој  период треба да се истакне  добрата организација во Пингпонгарската федерација, која се обидува овој спорт да го доближи до децата во основните училишта, до најмалите, што ветува добра перспектива и афирмација на македонскиот пинг понг.