Европските шампиони веќе неколку дена се наоѓаат во Хрватска, каде уживаат во заедничкиот одмор.
Екипата полека се комплетира, не се сите од шампионскиот тим, но сепак голем број од нив одвоија време за повторно да се соберат. Главниот кој недостасуваше е предводникот од клупата, човекот кој во својата прва сезона како главен тренер на еден машки тим, успеа да ја освои Лигата на Шампионите. Се работи за шпанскиот стратег, Роберто Гарсија Парондо, кој се наоѓа на Хвар заедно со момците. За жал, од следната сезона, Парондо нема да биде дел од црвено-црните, тој ќе биде тренер на Египетската репрезентација.
Погледнете видео, на линкот, ТУКА.