Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ремизираше со Тиквеш, се врати во тимот Жуниор, а ги немаше Гачевски и Манев
Вардар ремизираше со Тиквеш, се врати во тимот Жуниор, а ги немаше Гачевски и Манев

Вардар ремизираше со Тиквеш, се врати во тимот Жуниор, а ги немаше Гачевски и Манев

Вардарци го одиграа и вториот тест натпревар на летните подготовки. По победата над Работнички, попладнево “црвено – црните” одиграа 3:3 (2:2) со тимот на Тиквеш. На денешниот дуел кај Вардарци не настапија капитенот Гачевски како и стоперот Манев, а Жуниор се врати во тимот.

Тимот на Вардар денешниот дуел го започна во следниот состав: Илиќ, Брдаровски, Новак, Младеновски, Жуниор, Најдовски, Реџепи, Велковски, Игњатов, Цветаноски и Ибиши.

По првиот дел резултатот беше 2:2. Први во водство дојдоа гостите од Кавадарци уште во осмата минута од натпреварот. Вардарци бргу одговорија, па за само четири минути подоцна преку Фитор Реџепи израмнија на 1:1. Во 25. минута тимот од Скопје направи целосен пресврт, а стрелец на голот беше Филип Најдовски за 2:1. До крајот на првиот дел Тиквеш се врати, па со гол ги постави работите на егал, за 2:2 на полувреме.

Во вториот дел кај Вардар играа: Андов, Манасиевски, Серафимов, Наумчевски, Тошевски, Димоски, Мицевски, Ѓурковски, Аврамовски, Трајчевски, и Омерагиќ. 

За само единаесет минути во вториот дел, Тиквеш дојде до ново водство по она од 0:1, овој пат поведе со 2:3. Се до финишот на натпреварот гостите имаа предност, но во 80. минута Вардарци преку Александар Трајчевски израмнија на 3:3. До крајот на дуелот немаше голови, па натпреварот заврши со конечни Вардар – Тиквеш 3:3 (2:2).