Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Сековски, Галевски, Коловски, Лефковски и Гаштаров, во наредниве две години ќе бидат дел од Академијата на ФФМ
Сековски, Галевски, Коловски, Лефковски и Гаштаров, во наредниве две години ќе бидат дел од Академијата на ФФМ

Сековски, Галевски, Коловски, Лефковски и Гаштаров, во наредниве две години ќе бидат дел од Академијата на ФФМ

Стана традиција, секоја година, фудбалскиот клуб Вардар да дава најмногу играчи, кои одат во Академијата на ФФМ. Оваа година се селектираа играчи кај генерацијата родени 2006 година, па петмина вардарци во следните две години ќе бидат дел од овој проект на ФФМ.

Заминувањето на играчи од Вардар доаѓа во лош момент, кога клубот има забрана за донесување нови засилувања, дури и во Академијата на клубот, но сепак тоа е одлука на самите играчи. Кристијан Галевски, Матеј Гаштаров, Дарко Сековски, Стефан Коловски и Давор Лефковски до јуни 2021 година ќе бидат дел од Академијата на ФФМ.

Особено ќе се осети нивното отсуство во новата сезона, кај генерацијата родени 2005 година, со оглед дека сите гореспоменати, изминатата сезона ја поминаа како дел од оваа генерација на Вардар, која успеа да ја освои регионалната-скопска лига. Сигурно дека Давор Серафимов и Ѓорѓи Дошев во новата сезона ќе се вратат во генерацијата 2005, за малку да се потполни празнината после заминувањето на петмината играчи.

Уште една година во Академијата на ФФМ ќе бидат Зоран Фидановски, Арбин Курти, Илија Апостоловски и Симеон Здравковски, од генерацијата 2005.

После две години, во генерацијата 2004 на Вардар се вратија Марио Ричков, Огнен Здравковски и Стефан Тасев. Близнаците, Марко и Матео Софијаноски ќе продолжат во Њу Старс, додека Васко Василев направи голем чекор во неговата кариера преминувајќи во екипата на Црвена Ѕвезда.