Младинска женска репрезентација вчера пристигна во Клаипеда, Литванија, каде од денес до 21.07.2019 ќе настапи на EHF W19 2019 Шампионатот. Во составот на оваа селекција има пет вардарки: Трпевска Ивона, Илиќ Андреа, Седлоска Андреа, Џатевска Ивана и Божиновска Ана Марија. Првиот натпревар ги очекува нашите девојки уште денес попладне против Грузија.
Македонија е во групата Б заедно со репрезентациите на Грузија, Швајцарија и Литванија. Распоред на натпревари е следен:
15.07.19 16:00 часот Македонија – Грузија
16.07.19 16:00 часот Швајцарија – Македонија
18.07.19 18:00 часот Литванија – Македонија