Како што објавививме претходно, кадетите на фудбалскиот клуб Вардар, или генерацијата родени 2002 година, во периодот 25-28. јули ќе настапат на силниот меѓународен турнир “Фудбалски пријатели“, кој ќе се одигра во градот Фоча ( БИХ).
Учество на турнирот ќе земат вкупно десет екипи. Вардар е дел од групата Б, во која ќе бидат и екипите на Локомотив Москва ( Русија) и Црвена Ѕвезда ( Србија). Во групата А ќе се натпреваруваат Крилја Советов ( Русија), Марибор ( Словенија), Будуќност ( Црна Гора) и Сутјеска (Црна Гора), додека во групата Ц се екипите на Мол Види ( Унгарија), Железничар ( БИХ) и Ријека ( Хрватска).
Веќе е познат и распоредот на одигрување натпревари, за вардаровите кадети:
25.07. ( четврток) Вардар – Црвена Ѕвезда 19:30
26.07. ( петок) – слободни
27.07. ( сабота) Вардар – Локомотива Москва
28.07 ( недела) Конечен пласман на турнирот
Пласман во полуфиналето ќе обезбедат екипите кои ќе завршат на првото место во своите групи, како и најдобро второпласираниот тим од групите. Кадетите на Вардар на овој турнир, како и во текот на новата сезона ќе бидат предводени од Филип Деспотовски.