Денес со почеток од 16 часот, на теренот во населбата Аеродром, екипата на фудбалскиот клуб Вардар ќе го одигра вториот контгролен натпревар. Противник е второлигашот Тиквеш од Кавадарци.
Ова ќе биде втор контролен дуел за црвено-црните, откако на првиот пријателски меч го победивме тимот на Работнички (2:1).
Ова ќе биде последниот контролен дуел во Македонија за вардарци, кои на 17.јули заминуваат Рогашка Слатина, Словенија, каде ќе го одработат главниот дел од подготовките.