Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЕП: Македонија ја совлада и Словачка за лидерско место во групата, Ташковски имаше 8 поена
ЕП: Македонија ја совлада и Словачка за лидерско место во групата, Ташковски имаше 8 поена

ЕП: Македонија ја совлада и Словачка за лидерско место во групата, Ташковски имаше 8 поена

Вчера, македонската кошаркарска репрезентација М18 дојде до  нова победа на Европското првенство (Б-дивизија) во Орадеа, Романија. Ова е четврти триумф на  четвртиот натпревар, црвено-жолтата селекција ја совлада Словачка 58-83.

Само првите десет минути беа тешки потоа целосно доминиравме на оваа средба. Со овој нов триумф веќе е обезбедено  првото место во групата.Најдобар и  на овој меч повторно беше Андреј Јакимовски со „дабл-дабл“ од 10 поени и 10 скока. Вардарецот Виктор Ташовски дуелот го заврши со осум поени. Тој имаше и две асистенции и еден скок во својот 16.минутен настап на оваа средба.