После седум години поминати во црвено-црниот дрес, дојде крај за Игор Карачиќ. Хрватскиот репрезентативец се реши на нов чекор во неговата богата кариера, потпишувајќи за екипата на Киелце. Пред два дена, Карачиќ ги стартуваше подготовките со новиот клуб, со кој на 9.ноември ќе гостува во С.Ц. Јане Сандански.
Секако му посакуваме среќа на Карачиќ во новиот клуб, а нашите фанови ги потсетуваме на неговите голови во дресот на Вардар, со едно одлично видео, голови на Карачиќ во 2019 година во црвено-црниот дрес.