Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! Двајца вардарци ќе ја преставуваат Македонија на Е.П во Србија кое ќе се одржи од 2 до 7 мај

Борење! Двајца вардарци ќе ја преставуваат Македонија на Е.П во Србија кое ќе се одржи од 2 до 7 мај

Најголемиот Европски спектакл ќе се одржи во Нови Сад , Србија каде што ќе се соберат и присуствуваат најдобрите Европски борачи во трите стила , во борбата за освојување на титулата на “Стариот континент” од 02-07 мај 2017. Македонија ќе учествува само со претставници во слободен стил , иако местото на одржување е во непосредна близина и не би имало скапи патни трошоци, “нелегитимно раководство на ФБСМ” официално пријавиле само тројца репрезентативци : – 57кг Владимир Егоров ( Вардар) – 61кг Елмедин Сејфулау (Лириа) – 97кг Магомедгаџи Нуров (Вардар).

dd3 dd5

Покрај безбројните замерки и слабости во работата на “нелегитимното раководство на ФБСМ” , се дрзнаа јавно и безсрамно да наметнуваат идеја и да изнаоѓаат разноразни замерки на натурализираните Македонски граѓани , државјани и репрезентативци на нашата Татковина , со што нашите спортисти беа лишени од своите човекови и етички права , па затоа ќе бараме “тие лица” засекогаш да се отстранат од Македонскиот спорт и да бидат предадени на органите и оптужени за дискриминација и омаловажување на Македонски државјани. Ќе треба да се земат на одговорност и лицата од ФБСМ , кои што на претходното Европско Првенство У23 во Унгарија , покрај огромните патни трошоци и средства за подготовки , НАМЕРНО не им беше дозволено на нашиот борач 57кг Егоров и тренерот Пешко , да учествуваат на првенството за да не постигнат резултат или да освојат историско одличје за Р.Македонија.

dd4

Канцеларијата на ФБСМ Е ЗАТВОРЕНА ЗА ЈАВНОСТ и коренсподенцијата со клубовите е на ниско ниво , а сите службени барања или дописи од БК ВАРДАР се игнорирани . Ако се земат статистички и економски сите показатели ќе се увиди дека сите активности и успеси на досегашните меѓународни натпревари ги имаат остварено само борачите на Вардар финансиски поткрепени од Раководството на УО на БК ВАРДАР. Сите досегашни подготовки , патни трошоци и учества на натпреварите ги сносеше УО на БК ВАРДАР . Да напоменеме за борачите учесници на претстојното Европско Првенство дека завршните подготовки Владимир Егоров ги одработи во Бугарија (2 недели) во Тетевен со тренерот на репрезентацијата Љуљзим Вренези , а Магомедгаџи Нуров после освојувањето на бронзениот медал и успешната презентација на “Дан Колов – Никола Петров” УО на БК ВАРДАР го преднаправи на завршните подготовки во Азербејџанскиот боречки центар под раководство и надзор на вардаровиот тренер ГАЈДАР ГАЈДАРОВ ( Македонски државјанин кој е главен тренер на Италијанската репрезентација ).

dd

Трагично е само што после сите исполнети запланирани подготовки , “некој си” своеволно и принципиелно намерно му оневозможија настап на Македонскиот репрезентативец и шампион до 86кг Халил Зубаиров учество на Европското , каде што тој претставува фаворит за медал. Иако ФБСМ ги игнорира и не ги разгледува барањата и советите, раководството на БК ВАРДАР изнајде средства за да испрати клубски тренери и поддршка на нашите репрезентативци за освојување на висок пласман на Европското првенство.

Следете ги Македонските репрезентативци во живо и навивајте :

https://unitedworldwrestling.org/event/european-championships-0