Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Рутинска победа за младинките на Вардар СЦЈС во дуелот со Кузман-Вардар

Рутинска победа за младинките на Вардар СЦЈС во дуелот со Кузман-Вардар

Денес во спортската сала “Гоце Делчев’ во населбата Илинден се одигра натпревар во женската младинска лига, помеѓу екипите на Вардар СЦЈС и Кузман-Вардар.

Само едно израмнување имаше на стартот на мечот 1:1, по што Вардарки направија серија од пет последователни голови, за уште на почетокот да се одлепат на предност од 6:1. За момент екипата на Кузман го намали резултатот на 6:2, за избраничките на Платон со нова серија од 3:0, да го зголемат резултатот на 9:2.Во следните десет минути, екипата на Кузман го намали резултатот на 14:9. До крајот на првото полувреме, екипата на Вардар постигна два гола и на одмор се замина со водство од 16:9.

Второто полувреме со гол го отвори противникот, за намалување на 16:10. Од тие моменти нашиот состав постигна четири последователни голови и за прв пат стигна до двоцифрена предност од 20:10. Како течеше мечеот се повеќе растеше предноста во наша корист. Имавме и убедливи 27:14 и 30:16. Квалитетот беше очигледен на страната на Вардарки, кои до крајот на мечот уште повеќе го зголемија водството, за конечен резултат од 37:19.

Најефикасна беше Анастасија Тодоровска постигна 9 голови, додека Реџеп Шадије имаше 7 погодоци.

Вардар СЦЈС: Мицевска, Кицеска, Стамова, Костадиновска, Филипоска 4, Тодоровска 9, Карчева 2, Иванова 2, Трпевска 6, Диневска 2, Шадије 7, Блажевска 1, Стојмановска 5, Гичевска, Божиноска, Вељановска.