Вардар славеше убедлив триумф против прилепска Победа. Попладнево нашите играчи со резултат 4:0 (2:0) ги совладаа прилепчани. Со оваа победа Вардар сигурно чекори кон нова шампионска титула. Головите за нашиот тим денеска ги постигнаа Фелипе, Блажевски, Џигаури и Којашевиќ.
Уште во втората минута Вардар имаше огромна шанса да дојде до предност, ударот на Велковски од само пет метри заврши над голот на Победа. Велковски во 5. минута имаше уште една шанса за погодок, по одлично додавање од Демири, но и овој пат биеше само покрај голот. Потоа во 16 минута Фелипе го пронајде Грнчаров кој со глава биеше но само крај голот. Веќе во 26 минута Вардар го отвори резултатот. Демири му додаден добра топка на Фелипе кој биеше прецизно од 23 метри за предност од 1:0. Не се чекаше многу и до вториот погодок. Веќе во 41. минута Вардар поведе и со 2:0. Од слободен удар од околу 18 метри биеше силно и прецизно Блажевски за 2:0 водство за Вардар.
Во вториот дел во 52 минута Демири одлично се уфрли од втор план, доби топка од Фелипе биеше од 25 метри но само во добро поставениот голман на гостите. Во 57 минута Седлоски ја направи правата замена во Вардар. Излезе Дарко Велковски а на негово место влезе Бобан Николов. Во 58 минута Блажевски имаше уште една добра шанса, издрибла убаво по страна, биеше но Талески ја изби оваа топка во корнер за Вардар. Во 63 минута во игра влезе и Џигаури на местото на Барсегјан. Веќе во 69 минута Вардар поведе и со убедливи 3:0. После огромна грешка на голманот на Победа, Блажевски со неколку лажни потези го исфрли од игра голманот, додаде до Џигаури на кој не му беше тешко да погоди од само пет метри. Во 74 минута во игра влезе и Којашевиќ на местото на Балотели. Во 86 минута Вардар поведе и со 4:0, стрелец на голот беше Дамир Којашевиќ кој биеше прецизно малку одкосо од 15 метри. Со овој резултат заврши овој меч.