Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2002“ “испорачаа“ седум голови во мрежата на Милано

ФК Вардар генер. “2002“ “испорачаа“ седум голови во мрежата на Милано

Генерацијата на ФК Вардар родени “2002“ година денес на теренот на Академијата одиграа натпревар против екипата на Милано. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше убедливо 7:0 во наша корист.

Тренерот Ѓорѓиевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Станковски, Ѓорѓиески, Симев, Тодоровски, Пешовски, Крстевски, Демири, Гугуљанов, Омерагиќ, Блажевски, Исеини.

Милано во првото полувреме некако одолеваше на нашите напади, кога во овој период од мечеот примија само еден гол. Стрелец на првиот гол за црвено-црните беше Азер Омерагиќ со удар од белата точка, за водство од 1:0. Овој резултат беше и актуелен на полувреме. Во вториот дел, предводникот на оваа генерација направи измени и од клупа ги внесе сите играчи, давајќи им шанса на сите за подеднаква минутажа.  Второто полувреме со гол го отвори истиот играч, кој и донесе предност, со погодокот на Омерагиќ Вардар успева да го зголеми резултатот на 2:0. Шансите пред голот на Милано се редеа како на филмска лента, а нашите млади надежи прикажаа допадлив фудбал. Набргу успеваме да постигнеме нов гол и да поведеме со 3:0 и тоа со првиот гол во тој момент на Леонид Игнатов. Продолживме со константен притисок на половината на Милано, што донесе нови шанси и погодоци. Хет-трик зад името на Азер Омерагиќ, кој зголемува на 4:0. За “петарда“ во мрежата на гостинот се погрижи Леонид Игнатов, кој со својот втор гол донесе убедливо водство од 5:0. Во листата на стрелци се запиша и нововлезениот Харбин Речица, кој ја тресе противничката мрежа, за резултат 6:0. Уште еден гол до крајот на натпреварот, повторно за нашиот состав и хет-трик и за Леонид Игнатов. Конечниот резултат гласеше 7:0. Одлично издание за момците на Петар Ѓорѓиевски на овој натпревар.

Во среда оваа генерација на Вардар го игра реванш мечот од полуфиналето на купот на Македонија. на теренот на академијата ќе гостува екипата на Талент од Битола, која ја совладавме на првиот меч со убедливи 0:3.