Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Браво! Пионерите на РК Вардар обезбедија Ф-4, избраниците на Будимир со денешната победа над Гостивар влегоа во борба за злато

Браво! Пионерите на РК Вардар обезбедија Ф-4, избраниците на Будимир со денешната победа над Гостивар влегоа во борба за злато

 Пионерите на РК Вардар предводени од Адријана Будимир денес  со новата победа обезбедија пласман на завршниот Ф-4 турнир во кој ќе трагат по пехарот. Тие во салата при С.р.ц “Кале“ во Скопје ја пречекаа екипата на ГРК Гостивар. Нашите момци дојдоа до победа со 20 гола позитива во овој последен меч од регуларниот дел, тие со 29-9 триумфираа на крајот. Браво момци за пласманот на Ф-4 и со среќа на истиот наши надежи.

Мечот почна со погодок за црвено-црните пионери, на што момците од ГРК Гостивар вратија со погодок за 1-1. Она што следуваше во продолжение беше нешто неверојатно, чист тренинг.  Во одбраната ги затворивме сите приоди кон нашиот гол, а во нападот следеше казна набрзина постигнавме пет гола со кој некаде на половината од првиот дел поведовме со 6-1. Потоа следеше минута одмор за нашиот противник која во принцип и не им донесе голема корист во нивната игра во продолжение. Со нова серија 5-0 за нас отидовме на двоцифрена предност па така поведовме со во финишот  со 11-1. Во последната минута гостите го постигнаа и вториот гол со кој намалија на  11-2. Сепак ние отидовме со двоцифрена предност на одмор, на семафорот во салата “Кале“ стоеше  12-2 во наша корист.

Вториот дел го стартувавме со нови три погодоци во мрежата на гостиварчани со кои поведовме со 15-2.  Конечно следеше период во кој гостите одиграа нешто односно покажаа некоја позитивна тенденција, тие направија серија 1-3 и намалија на 16-5. Оваа предност до крајот не дозоливме да биде загрозена, напротив со одлична игра во одбраната и нападот ја удвоивме речиси двојно. На крајот триумфиравме со 29-9. Кај нас стрелаа следните момци: Мишевски 4, Павловски 1, Жерновски 1, Петков 1, Калаџиески 3, Димитријевски 5, Трајчевски 6, Савревски 3, Димчевски 3, Мирчевски 2.