Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Антонио Мирков со хет-трик го реши Милано, Вардаровата генерација “2003“ стигна до својата 16 последователна победа

Антонио Мирков со хет-трик го реши Милано, Вардаровата генерација “2003“ стигна до својата 16 последователна победа

Денес на теренот на академијата се одигра ново коло во регионалната-скопска лига, кај генерациите родени “2002“ и “2003“ година. Вардаровите екипи беа домаќини на екипата на Милано.

Избраниците на Томче Трајановски ги совладаа врсниците од Милано и ја запишаа својата 16 победа од исто толку одиграни натпревари, по што може официјално да се каже дека нашите млади надежи ја освоија и шампионсата титула во лигата. За само три дена повторно го совладуваме овој противник, со оглед дека во средата игравме против Милано и во полуфиналето од националниот куп. Денес бевме поубедливи и славвеме со резултат 5:0. По првото полувреме исто така имавме водство од 3:1. Голеадата на овој меч ја започна Антонио Мирков кој го орвори резултатот на 1:0. И на овој меч доминиравме во секој поглед на фудбалската игра и не му дозволивме на противникот многу да се изнаигра. Следен кој ја погоди противничката мрежа беше Петар Давидовски, кој го зголеми резултатот на 2:0. До крајот на првиот дел уште по еден гол во двете мрежи. Најпрво за нашиот состав, повторно стрелец е Антонио Мирков, за зголемување на 3:0. Почесен гол за намалување на резултатот постигнаа и гостите од Куманово, за на полувреме да се замине со резултат 3:1.

Во вториот дел тренерот Трајановски направи неколку измени давајќи им шанса за настап на сите играчи. Не застанавме со офанзивната игра, ниту во овој дел од мечот, а следен кој погоди за 4:1 беше Петре Тасески и тоа со удар од белата точка. За поубедлив триумф се погрижи Антонио Мирков, кој со хет-трик му носи водство на својот тим од 5:1. Овој резултат на крајот се покажа како конечен.

Со оваа победа над Милано, сега предноста на Вардар над денешниот противник е високи 11 кола, која е недостижна за противникот. Во среда го играме реваншот од полуфиналето на купот, против Милано. По првиот меч одигран на академијата имаме предност од 3:0 и со една “нога“ сме во финалето од ова натпреварување.

Денес тренерот Трајановски стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски, Трпезановски, Ѓорѓоски, Мешковски, Абдула, Марковски, Двидовски, Андрески,  Мирков, Прелоговски, Стојановски.