Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јохансон: Вардар е фаворит за трофејот од лигата на шампионите, затоа што мислам дека ги имаат најдобрите играчи

Јохансон: Вардар е фаворит за трофејот од лигата на шампионите, затоа што мислам дека ги имаат најдобрите играчи

Вардарки го добија ЦСМ Букурешт за противник во полуфиналето од лигата на шампиони, односно тоа е истиот противник кој минатата година не елиминираше и беше последната пречка за нашите девојки кон големото финале. И оваа сезона, ждрепката сакаше да играме со шампионот на Романија и повторно да ги одмериме силите на завршниот турнир во Будимпешта. Во четврфиналето, Букурешт беше подобар од ФТЦ, додека Вардар го елиминираше Митјиланд. Во пресрет на завршниот турнир, кој на програмата е на 6 и 7-ми мај, тренерот на Букурешт, Пер Јохансон смета дека црвено-црните се фаворит, не само на полуфиналниот дуел, туку и за освојување на трофејот од најголемото ракометно натпреварување,

-Не сум среќен, ниту пак несреќен поради ждрепката. Сметам дека Вардар е фаворит за трофејот од лигата на шампионите, затоа што мислам дека ги имаат најдобрите играчи. Гледав неколку мечеви од Вардар и го анализирав тимот многу изминатиов период. На секоја позиција имаат по две квалитетни ракометарки и имаат солиден играчки ростер за ротација. Тука се Лекиќ, Дамњановиќ, Пенезиќ, Херем и Радичевиќ. Исто така, имаат и три добри голманки. Затоа, ќе мора да внимаваме на секој можен детал. Ако на Вардар му дадеш прст – ќе ти ја земе цела рака, рече Јохансон.

Вардар и ЦСМ Букурешт играат на 6-ти мај од 17:45 часот.