Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Вардарова доминација во “Поединечно рангирање по победи“, Димитровски лидер-Донковски 4-ти

Куглање! Вардарова доминација во “Поединечно рангирање по победи“, Димитровски лидер-Донковски 4-ти

Со дуелот нагости против шампионот Макпетрол за нас заврши  регуларната сезона во Македонската кугларска лига-МКЛ. Се одиграа вкупно 15.коло, по крајот на истите шампион на земјава повторно е екипата на КК Макпетрол, а КК Вардар  ја остари целта и заврши како второпласиран и повторно е вице-првак. Во категоријата “Поединечно рангирање по Победи“ која ја објави кугларската федерација на земјава црвено-црните момци доминираат па така од првите четири места две се наши, од кој и лидерската позиција која му припадна на Дарко Димитровски.

dime1-660x330

Лидерот на црвено-црните Димитровски Димитар како што ве известивме е лидер и кај една друга категорија поединечни просеци-види. Тој во оваа категорија  “Поединечно рангирање по Победи“ исто така е лидер во двата параметри. Во бројот на вкупни победи т.е освоени поени има 13 победи во 14 дуели со други куглари што го прави неприкосовен владетел на истата категорија. Покрај ова во категоријата освоени сетови со 48 сетови е на врвот со цели 8,5 сета пред играчот зад него. Не треба да се трошат зборови за да се каже со каков “дијамнат“ располага вардаровиот состав.

16343828_10210808578322353_990224883_n-660x330-561x330

Одличен во оваа категорија е вториот вардарец Младен Донковски момчето кое сосема корекно му го чува грбот на Димитровски. Младиот Донковски е на одличната четврта позиција. Тој исто така е важна алка на овој состав предводен од Драги Димитровски. Младен има 11 победи од 15 дуела, по двата порази на почетокот кога небеше во форма во следните 13 дуели нареди одлични 12 победи во дуелите со своите ривали. Исто така и кај освените сетови со 37 е повеќе од одличен во оваа категорија што само покажува дека станува збор за квалитетен млад играч.

18193844_1070382029730399_4922310392028687558_n